ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО БЛИЗИНА НА МОСКВА!

При експлозија на бомба животот го загуби 14 годино дете.

Четиринаесетгодишно дете го загуби животот при експлозија на бомба која датирала од Втората светска војна. Експлозијата се случила недалеку од Москва, односно во воено-патриотскиот центар Лабња, јавуваат од агенцијата ТАСС повикувајќи се на извор од руските служби за итни случаеви.

Според изворот, детето направило обид да ја демонтира бомбата во детскиот воено-патриотски центар, при што уредот се активирал и експлодирал.

Во моментот кога детето се обидело да изврши демонтирање на бомбата, не било под надзор на возрасен.

Експлозијата не предизвикала материјална штета или пожар.

Од прес центарот на Обвинителството излегуваат со соопштение дека веќе е покрената истрага поради (како што е наведено) несоодветно ракување со оружје.

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Падот на патничкиот авион снимен од безбедносни камери!

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Голем инцидент! Воен авион од типот СУ-25 испали ракета додека стои на пистата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *