Инцидент кој драстично ги влоши односите помеѓу Русија и САД !

Тензично: Петмина Руски државјани убиени во воздушни напади на САД !

,Во воздушни напади на американската авијација се убиени петмина руски државјани кои не биле во армискиот состав на Русија туку обични цивили. Воздушните напади се изведени во сирискиот град Деир ел Зор”, објавуваат од Руското Министерство за Надворешни Работи.

На сириско тло ова претставува прв судир од ваков вид помеѓу Русија и САД, од ваквата последица се плашеа министерствата за одбрана на овие две светски сили. Невините жртви предизвикаа огорченост во Русија и за ваквиот пропуст на САД ќе се бара одговорност.

Ваквиот воздушен напад на САД првично бил планиран да се изврши врз поддржувачите на претседателот Башар Ал Асад, односно провладините сили. Овие провладини сили извршиле напад врз курдските борци кои имаат директна поддршка од САД.

Се претпоставува дека петте жртви од Русија биле ангажирани како еден вид воени советници на војската на Башар Ал Асад, но тие не биле одицијални воени лица во составот на Руската војска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *