КОНТИНГЕНТ ОД 44 МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАМИНУВА НА КОСОВО!

Контингент од 44 војници ќе тргне во мисија на Косово за прв пат откако нашата земја е членка на НАТО алијансата.

„Пред нас можеме да ја видиме нашата НАТО Армија, пред нас се 44 мина, посветени мотивирани и храбри припадници на нашата армија кои рамо до рамо, еднакви помеѓу еднаквите ќе го покажат сето она што го знаат и сите оние вештини и знаења пред своите колеги од сојузничките земји во мисијата КФОР“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

По повод нивното заминување на Косово, касарната ,,ИЛИНДЕН” беше посетена од државниот врв.

Првиот контингент се состои од 44 припадници кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад. Нашиот придонес ќе продолжи да расте во тек на 2021 година – веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60 припадници, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци да се зголеми со над 100тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе придонесуваат околу 180 наши војници, подофицери, и офицери. – Известуваат од Министерството.

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Војници кои го живеат својот втор живот!

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Се обиде да го укради моторот, тоа што се случи не беше очекувано!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *