На денешен ден (14.03.2001) веќе беа започнати пукотниците, со кој беше обележан почетокот на војната во градот Тетово.

На денешен ден (14.03.2001) веќе беа започнати пукотниците, со кој беше обележан почетокот на војната во градот Тетово.

Демонстрациите кои се одржуваа на градскиот плоштад од страна на албанското население, прераснуваат во масовни протести со излив на насилство и попатни непримерни скандирања. Првите пукотници кои се слушнаа од Калето, беа дочекани со овации, извици на воодушевување и одобрување за „борците за човекови права“ од толпата народ на плоштадот. Истите оние „борци за човекови права“ кои подоцна ќе бидат маскирани и ќе мачат, палат и протеруваат цивилно население, ќе вршат напади врз војници и полицајци во заседи, сквернуваат цркви и гробови и исконски…

Што се случуваше во Тетово?

Полицијата во првите неколку денови беше притисната на работ од градот, голем дел од Тетовското население привремено, а некои и засекогаш, во тие денови се иселија од градот. По првичниот шок со кој се здоби полицијата, истата, постави пунктови на критичните точки во градот, и стратешки го одбрани центарот на Тетово.

На 26.03.2001, Тетовското кале беше целосно освоено по дводневната акција именувана ,,МХ-2” предводена од страна на пензионираниот генерат Панде Петровски (1943 – 2006). Оваа акција беше изведена од страна на македонската полиција припомогната од АРМ, терористичката група беше поразена.

Сведоците од тоа времене никогаш нема да ги заборават сликите од Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила, Мавровските работници, Чуварите на моделот Бриони, разнесениот Лешочки манастир и многу други.

Ова за жал трагично парче од новата историја на нашата држава, нека служи како потсетник за едно време, време кое никогаш нема да биде заборавено но исто така и време кое не смее да биде повторено. Време кое одзеде многу невини животи, а во црнила зави многу семејства.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ХЕРОИ! НИКОГАШ ЗАБОРАВЕНИ!

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА (ВИДЕО) Битката за Тетово – 2001. Ретки и необјавени видео снимки.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *