При акција на МВР запленети поголема количина на оружје и хероин!

Во текот на изминатата ноќ и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога презеде мерки и активности на локација на ул . Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје.

Помеѓу запленетото оружје се пронајдени три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, која потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје.

При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот- стои во извештајот од полицијата.

МОЖЕБИ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ЗА (ВИДЕО) Македонските специјални единици во АКЦИЈА!

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *