ПРОГЛАСЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС НА НИВО НА ЦЕЛАТА РЕПУБЛИКА!

,,Од утре стапува на сила ограничување на движењето на сите граѓани (ПОЛИЦИСКИ  ЧАС).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мора сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата” известуваат од Министерството за Внатрешни Работи.

,, Светот радикално се промени, а самата ситуација бара радикални промени на нашето секојдневно однесување, со таа цел ја донесуваме мерката ПОЛИЦИСКИ ЧАС”, изјави Премиерот Спасовски.

Тој исто така наведе дека Владата на Македонија ваквата одлука ја донесе врз основа на стручно мислење од страна на Комисијата за Заразни Болести. Според нивните анализи и научно засновани сознанија, за интезивирање на локалното пренесување на корона вирусот се налага ваква радикална мерка за спречување на понатамошно ширење на истиот.

Владата одлучи, да се забрани движење на населението во временски период од 21:00 до 06:00 часот. Ваквата одлука е донесена се со цел спречување на заразната болест COVID – 19 и заштита на населението на нашата земја.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА ШТО ПРЕТСТАВУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?!?

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *