Руски хакери при напад на владата на САД украле важни податоци !

Од САД известуваат: Извршени се напади врз мрежите на американската влада од страна на Руски хакери!

АМерикански официјални лица излегле со соопштение за тоа дека во изминативе неколку денови извршени се хакерски напади врз мрежите на десетици државни и локални органи на властите во САД при што се украдени важни податоци од најмалку два сервера.

Соопштение од ФБИ и агенцијата за сајбер безбедност
EPA/JIM LO SCALZO

Во соопштението изнесено од страна на ФБИ и американската агенција за сајбер безбедност при Министерството за внатрешни работи се наведува дека во изминативе денови значително се зголемени активностите на хакерска група која е под покровителство на руската држава против голем спектар на мрежи, при што некои се сериозно компромитирани, пренесуваат АП.

Официјални лица на САД тврдат дека претседателските избори кои треба да се одржат на 3 ноември не се загрозени на било каков начин.

Повеќе прочитајте тука Случај кој ја фрли FBI на колена!

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Со што располагаат Франција и Турција и во кого е воената надмоќ?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *