Случај кој ја фрли FBI на колена!

24 НОЕМВРИ 1971

Сосема обичен ден во кој секој ги обавува своите секојдневни обврски и во нити еден момент не се сомнева во тоа дека истиот тој ден во историјата ќе биде запаметен по најголемата МИСТЕРИЈА и најголемото киднапирање на авион во поново време.

D. B. COOPER

D. B. COOPER е псевдоним, даден , на човекот кој успешно го изврши еден од најголемите авионски грабежи на сите времиња.
Американското Федералното Истражно Биро (FBI)  после 40 години потрага по овај човек, јавно призна пораз, па единствено што им остана од оваа мистериозна личност е оваа скица.

На возраст од околу 40 години D.B. COOPER ја превзема контролата врз авионот ,,Боинг 727” од кој по кратко време исчезнува без никаква трага.

Елегантно облечен човек, кој на себе носи добро класично одело на 24 НОЕМВРИ 1971 година се качува во авион на аеродромот во Норт Вест (North west).

Непосредно по самото качување става темни очила за сонце при што во целосно опуштена атмосфера нарачува ,,BOURBON” (виски).

Набрзо по полетувањето на авионот и упатување кон зададената дестинација, COOPER ја повикува 23 годишната стјуардесата Флоренс Шафнер (Florence Schaffner) при што и дава хартија со порака по што тивко и кажува:
,,Госпоѓице, подобро погледнете ја таа порака”.

Во пораката било наведено дека се работи за киднапирање и дека во неговата торба има бомба, па побарал 200.000 долари, што во денешно време е цифра која е поголема од еден милион.

Пораката гласела:

,,Госпоѓице, во мојата чанта имам бомба, истата ќе биде употребена доколку бидам приморан. Би сакал да седнете покрај мене. Киднапирана сте”.

Интересен е фактот што на првото слетување на авионот се ослободени сите 36 патници освен пилотот, на кој COOPER му наредува да го однесе во Мексико Сити. При ваквото слетување снајперистите поставени за ослободување на авионот не успеале да го забележат COOPER во нити еден момент, што исто така претстаува една голема мистерија во овај не разјаснет случај.

По полетувањето на авионот, киднаперот (COOPER) на му дозволува на пилотот истиот да лета на висини поголеми од 3000 метри, па при прелетување на Невада каде што требало дополнително да се наполни гориво, COOPER ја отвара задната врата и што врши скок со падобран.

Од тој момент се губи било каква трага по мистериозниот киднапер COOPER, никој не знае дали го преживеал ваквиот потег или не. Ден денес не постои никаква трага од него, но пронајдени се траги од нешто што има врска со истиот.

Имено во 1980 година, осум годишно дете од Вашингтон пронаоѓа три книжни банкноти од дваесет долари, а сериските броеви на овие банкноти се поклопуваат со оние кои биле украдени од страна на COOPER. Додека неколку години подоцна е пронајден и падобранот со кој се претпоставува дека COOPER го извршил фамозниот скок од авион во крајно лоши временски услови.

И покрај многумината осомничени во текот на долго годишната истрага, сепак истата не вроди со плод, па COOPER останува една голема енигма без никакви докази.

Дали COOPER е лик зад кого стои цел тим со оглед на тоа што истиот не бил забележан од страна на патниците и снајперистите, па нити од ловците кои го следеле авионот за време на отварањето на задната врата и изведувањето на ваквиот скок со падобран, останува една голема ЕНИГМА која не успеа да ја одгатни нити Федералното Биро за Истраги на Америка, FBI.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *