(ВИДЕО) Бомбардерите кои ја надлетаа Македонија пресретнати од Руски ,,сухои” !

Двата американски стратешки бомбаредри „Б-1 лансер“ што денеска ја прелетаа Македонија се пресретнати над Црно Море од руски „сухои“ – избестуваат од Руската амбасада во Скопје.

„Два американски стратешки бомбардери ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база на САД во Елсворт, Јужна Дакота, упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денеска се пресретнати од страна на два руски борбени авиона ‘Сухој’. #СтопНАТО“, твитна Амбасадата на Русија во Македонија како одговор на твитот на Амбасадата на САД во Скопје: „Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота, прелетаа над територија на Скопје за добредојде на Северна Македонија во #НАТО. Ваквиот прелет е во знак на нашата постојана поддршка за Северна Македонија. #НиеСмеНАТО #Партнери #Сојузници“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека „ловци на руската авијација ги принудија американските бомбардери да ја променат патеката на движење и да одлетаат од границата на Руската Федерација“, а во акцијата учествувале два авиона „Су-27 П“ и „Су-30 СМ“.

„Ловци на Руската авијација ги принудија американските бомбардери од типот ,,Б-1” да ја променат рутата на движење и да одлетаат од границите на Руската Федерација“

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈ ТУКА Ова се причините за надлетувањето на авионите на НАТО !

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈ ТУКА (ВИДЕО) Снимки од падот на Американскиот ловец Ф-22!

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *