(ВИДЕО) Израел ги презентира способностите на својот оклопен транспортер!

Во едно видео презентирани скоро сите сособности на тешкиот израелски оклопен транспортер.

Израел продолжува со развојот на оклопните транспортери (на тркала) од типот ,,Еитан” што во превод би значело ,,ЦВРСТ”.

Имено на интернет беше објавено видео од одделот за одбра на оваа држава во кое се демонстрираат можностите на оклопниот транспортер и неговото совладување на различни типови на терен.

Транспортерот ,,ЕИТАН” и покрај големата маса, лесно се справи со нерамниот терен, стрмните искачувања и препреките на кои наиде.

Со погонски систем 8х8, возилото адекватно се справи со секоја препрека на која наиде, сепак за ова голема заслуга има и возачот од висока класа кој сместен во делот за контрола на возилото истото го контролираше на теренот.

Во последните неколку години Израелската армија им дава доста на важност на возилата од ваков тип и истите ги унапредува во поглед на подвижноста и капацитетот.

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) ,,ТИГАР” лансира ракета која пробива челична плоча со дебела 1,2 метри! Забавена снимка!

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Пукаше во својот Шеф !

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *