(ВИДЕО) Потег со кој Турција ги разлути САД кои одговорија со закани!

Наводно во текот на вчерашниот ден, Турција, изврши проба на Рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400.

АНКАРА, Турција – Турција, членка на НАТО, го тестираше својот систем за воздушна одбрана С-400, произведен во Русија, објавија во текот на вчерашниот ден турските медиуми, притоа зголемувајќи ги шансите за нови судири со Соединетите држави.

Телевизискиот канал А-Хабер, кој е близок до Турската влада, на својата веб-страница соопшти дека Турција изврши воена проба на рускиот С-400 во црноморската провинција Синоп.

Теливизијата своите извештаи ги темелеше на аматерско видео, наводно снимено во Синоп, на кое се гледа како се извршува лансирање.

Сепак, Турските воени и одбранбени служби одбија да ги коментираат ваквите извештаи.

Вашингтон остро се спротивстави на набавувањето на рускиот противвоздушен систем од страна на Турција и ја суспендираше Турција од својата високо-технолошка програма на борбени авиони Ф-35, велејќи дека С-400 е закана за “невидливиот” авион.

Исто така САД ја предупреди Анкара дека ризикува да сноси американски санкции доколку се изведи активација на против воздушниот систем C-400.

На ваквите закани Турција се изјасни дека била принудена да направи набавка на рускиот систем, откако Вашингтон одбил да му продаде американскиот систем ,,ПАТРИОТ”.

Русија првата тура на рускиот одбранбен систем ја испорача минатата година. Турција првично изјави дека С-400 ќе биде оперативен во април, но оттогаш го ја одложува неговата активација.

За време на посетата на Турција на почетокот на овој месец, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повтори дека С-400 не може да се интегрира во системот за воздушна и ракетна одбрана на НАТО и може да доведе до санкции од страна на САД.

Повеќе прочитајте тука Турција со нова набавка на оружје од Русија!

Повеќе прочитајте тука (ВИДЕО) Митралезот го стопи пригушувачот како да е од пластика!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *