Видео – Познат идентитетот на напаѓачот во Виена, Албанец со потекло од Македонија!

Роден во Виена во 2000та година, Куртин С, е еден од 90те Австријци кои беа сопрени да одат на воените полиња во Сирија, објавија од Ројтерс.

Уредникот на Фалтер, Форијан Кленк објави дека е потврден идентитетот на напаѓачот во Виена и се работи за Куртин С. Чии родители се од Албанска националност со потекло од Македонија.

Во синоќешниот напад животот го забија 4 лица од кои две жени и двајца мажи.

Моментално во тек е истрага за да се утврди дали станувало збор за терористички напад изведен од една или повеќе личности, поради основи на сомневање од страна на полицијата дека сепак нападот бил организиран и учествувале повеќе извршители на ваквото дело.

Напаѓачот кој синоќа беше неутрализиран од страна на полицијата со себе имал автоматска пушка, пиштол и мачета.

На прашање упатено кон Министерот за тоа дали станувало збор за напад врз синагогата, тој одговорил дека станува збор за ,,радикализирано” лице кое се чивствувало пориврзано со ИСИЛ и дека останатите информации ќе бидат објавени подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *