(ВИДЕО) Руски МИГ – 31 слетува на писта без едно тркало!

Вештите Руски пилоти успешно го слетаа ловецот-пресретнувач на кому му откажа едно од тркалата.

Снимката од слетувањто на оштетениот руски ловец-пресретнувач брзо се рашири по социјалните мрежи.

На воениот Руски авион му откажало едно од задните тркала. На самата снимка може да се забележи како поради триењето од самата писта избива пламен, но за среќа се помина во најдобар ред и никој од екипажот во авионот не е повреден.

Како што соопштија од информативната служба на Централниот округ, екипажот за време на инцидентот дејствувал максимално професионално, така што се избегнати човечки жртви, а воедно е сочуван и авионот.

Од Russia Beyond исто така истакнуваат дека тој ден младите пилоти на Пермскиот ловечки авијациски полк на Централниот воен округ за прв пат летаа со авионот од типот МиГ – 31 на максимална висина и со максимална брзина во блиските слоеви на стратосферата. Целосно непланирано и хаваријата стана дел од оваа воена вежба, која за среќа помина без повредени и загинати, додека пилотите одлично се справија со оваа вонредна ситуација.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА ,,Дозвола за убивање – Низ што се поминува секој Руски снајперист!

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА (ВИДЕО) Припадник на Руските специјални сили кој ќе ве остави без зборови!

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на MISIJA24 !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *