Видео снимки од Македонските сили во Матејче, 2001 година!

Улиците на Матејче, село во близина на Слупчане, во кумановското подрачје, се скоро напуштени.

Македонските сили се на патрола во селото, додека албанските бунтовници држат позиции во околните ридови.

Половина од првичното население на Матејче го напушта селото, додека останатите жители кои се мешавина од етнички Албанци, Македонци и етнички Срби, остануваат во своите куќи како не би биле загрозени од непријателските снајперисти.

Борбите во Македонија започнуваат во февруари.

Герилците започнаа востание тврдејќи дека сакаат и се борат за повеќе права за етничките Албанци во Македонија, кои според нив се една третина од севкупното население во нашата земја (во тоа време).

Судирите помеѓу овие групи и македонските безбедносни сили започнуваат во неколку села на северот од Македонија. Во ваквиот судир заробени во своите куќи се поголем број на цивили, кои имаат недостаток на храна и вода.

Владата тврди дека селаните се користат како човечки штити од страна на бунтовниците за да се заштитат од голема офанзива на владата.

Македонската влада првично се закани дека ќе ги „елиминира“ бунтовниците, доколку не се откажат од нивната вооружена борба.

Но, под силен притисок од страна на Западот, владата се воздржува од ваквата намера по што следуваше прекин на огнот од двете страни.

Владин претставник тврди дека бунтовниците ја искористиле паузата во борбите за регрупирање и заземање на нови позиции.

Поради страв дека војувањето во Македонија може да се префрли во целиот реон, западните власти ги убедува двете страни да се најде заедничко решение кое ќе придонесе за прекин на војната.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА (ВИДЕО) Битката за Арачиново – Досега не објавени видео снимки!

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *