(ВИДЕО) Снимки од падот на Американскиот ловец Ф-22!

Во текот на вчерашниот ден се сруши борбен Американски авион од типот ,,Ф-22” кој важи за 5та генерација на ловец.

Несреќата се случила за време на рутински лет над Флорида, за среќа пилотот навремено се катапултирал и поминал без поголеми повреди, соопштуваат од американското воено воздухопловство.

По спуштањето на пилотот на земја, истиот бил пренесен во локалната болница со седиште во воздухопловната база ,,Иглин” се со цел да се провери неговата здравствена состојба.
Како што соопштуваат од ,,СиЕнЕн” пилотот се наоѓа во стабилна здравствена состојба, додека самиот пад на авионот не предизвикал било каква материјална штета на околината, а воедно нема ни повредени и жртви.

Причината за падот на американскиот ловец засега останува непозната.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА (ВИДЕО) Голем инцидент! Воен авион од типот СУ-25 испали ракета додека стои на пистата!

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА Пентагон со драматични снимки од авионската средба над Црното Море

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *