(ВИДЕО) Во Русија од вчера одекнуваат експлозии на секои 20 минути!

Русија: Одекнуваат експлозии на секои 20 минути, во загрозените складишта моментално има повеќе од 75.000 тони муниција.

Во регионот Рјазан во Русија, од вчера на територијата на отворените воени магацини се слушаат силни експлозии, и до сега експлодирале нешто повеќе од 1.600 гранати, изјавува претставник на службите за итни случаи во регионот.

– ,,На секои 25-30 минути екслплодираат гранат” – соопшти соговорникот за медиумите.

Според првичните информации севкупно на воената територија има 113 складишта со муниција кои се наоѓаат главно под земја, додека како што беше претходно соопштено артилериската муниција се наоѓала во 43 отворени области.

Во моментот на настанување на пожарот, вкупниот капацитет на воениот магацин би можел да содржи околу 75 илјади тони муниција.

Рускиот Министер за вонредни ситуации Евгениј Зиничев, го извести Рускиот Претседател, Владимир Путин, за потребата од евакуација на повеќе од 2.300 жители од 14 населени места во радиус до 10 километри од местото на пожарот и складиштата со муниција.

Во ваквиот немил настан беа повредени и хоспитализирани шеснаесет лица.

КУТЛЕШ МАИЦИ ПОПУСТ

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА (ВИДЕО) Потег на Путин од кого никој не остана рамнодушен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *